Фелипе VI: Каталонците да се откажат од отцепување

Сподели

Шпанскиот крал Фелипе VI, ги повика победниците на регионалните избори во Каталонија да избегнат нов судир по обидот за прогласување независност на таа област.

Во божиќната честитка тој го предупреди новиот каталонски парламент дека треба да се соочи со проблемите на сите Каталонци, со почитување на плурализмот.

„Патот пред нас не смее повторно да нè донесе во судир или поделба, тоа како што знаеме, создава неизвесност и мака. Лидерите на Каталонија мора да се соочат со проблемите кои ги засегаат сите граѓани, да ја почитуваат нивната различност и да размислуваат одговорно, за доброто на сите“, изајви Фелипе VI.

Партиите кои се залагаат за независност на Каталонија освоија 45 насто од гласовите на предвремените избори одржани на 21 декември.