Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски, информираат од јавното претпријатие.

“Со чест и задоволство прифатив да бидам нов в.д. директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Му благодарам на градоначалникот за укажаната доверба. Во следниот период, заедно со тимот, ќе работиме на подигнување на стандардите на работење на уште повисоко ниво. Тоа значи подобри услуги за нашите корисници, соодветен простор за сите учесници во сообраќајот и организирање на јавниот простор за поквалитетно секојдневие во срцето на градот” – изјави новиот в.д. директор на јавното претпријатие, Душко Коцевски.