Вести Македонија Свет

Приведен маж за коментари кои не се во согласност со моралните и етичките норми

Сподели:

 

Службеници на Генералната дирекција за борба против организиран криминал, по добиен сигнал приведоа маж во Софија во врска со тешката сообраќајна несреќа во која загинаа 45 лица, а 7 се повредени, соопшти бугарското МВР.

Тој на Фејсбук објавил коментари поврзани со инцидентот, кои не се во согласност со моралните и етичките норми.

Материјалите се пријавени во Окружното обвинителство на Софија за кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање на омраза врз основа на националност преку информациски систем, пренесува МИА.

Сподели: