DW: Берлин срамно ја изигнорира трагедијата во Санкт Петербург

Сподели

Уште многу работи во врска со нападот во Санкт Петербург се нејасни. Но одлуката, да не се осветли Бранденбуршката порта во боите на Русија, е морално и политички погрешна, смета Инго Мантојфел.

По еден терористички напад, на сите безбедносни служби – вклучително и руската – им е потребно време за да ги идентификуваат релевантните траги. Тоа треба да им биде јасно на сите кои во нашето доба на брзи вести веднаш очекуваат одговори, мислења и анализи. Тоа што во Русија и против Русите во изминатите децении се случија бројни напади – пред сѐ исламистички терористички акти – за жал е несреќен факт. Тоа што Русија поради својата политика во Сирија западна уште подлабоко во визирот на „Исламската држава“ е, исто така јасно. Но актуелниот напад во Санкт Петербург сѐ уште не е расветлен. Предвремени политички заклучоци, оттука, треба да се избегнуваат.

Извежбани ритуали по терористички напади?

Тоа што јавноста и медиумите, жедни за брзи пресуди, им оставаат многу малку време на безбедносните служби за целосна истрага и утврдување на фактите, во меѓувреме, за жал, стана дел од извежбаните ритуали по терористичките напади.

Во таквата ритуализирана симболика, во меѓувреме, спаѓа и праксата, неколку минути по напади низ социјалните мрежи да кружат бројни хаштагови. Многу политичари се трудат да споделуваат твитови со сочувства. Стана пракса, националните симболи како Бранденбуршката порта во Берлин да биде осветлена во националните бои на онаа земја во која се случил напад.

Mannteufel Ingo Kommentarbild App Инго Мантојфел

Постојат добри причини, ваквите гестови на наводно сочувство да се сметаат за површна и евтина симболична политика. Но проблемот е: кога еднаш ќе почнете со тоа, треба да се остане консеквентен до крај. Затоа што сѐ друго делува како омаловажување на жртвата: „Тоа беа само…“ Тоа што вчера Бранденбуршката порта не беше осветлена во боите на Русија, од овој аспект е неверојатно. Објаснувањето на раководителите на германскиот главен град дека Санкт Петербург не е град-партнер на Берлин е неосновано – ни Орландо во Флорида не припаѓа на тој круг. Но сепак, во јуни 2016 по тамошниот напад врз еден локал во кој се собираа претежно хомосексуалци, Бранденбуршката порта беше осветлена во боите на виножитото – симболот на хомосексуалното движење.

написот во целост прочитајте го тука