ИЗЈАВИ: ЏЕС БЕЈЛИ – Не е во согласност со демократските принципи и со Уставот да не се дозволи да продолжи процесот на формирање на владата

Сподели

-“Имаше избори во декември, за кои се оцени дека се кредибилни. Пратениците седнаа во Собранието, беше декларирано собраниско мнозинство и мислиме дека не е во согласност со демократските принципи и со Уставот да не се дозволи да продолжи процесот на формирање на владата. Секако, на крајот на краиштата, од политичките лидери и од граѓаните на Македонија ќе зависи како ќе одат напред, но ова е клучно за македонската интеграција во НАТО и во Европската Унија, како што кажа вчера претседателот на Европскиот совет.”

– “На крајот на краиштата, зависи од вашите институции и од вашите лидери и од вашиот народ да дојдат до разрешница. Ние го помагавме дијалогот во договорите во Пржино, но на крајот на краиштата вашите институции се местото каде што ова треба да се разреши. Имате Собрание и таму може да се дискутира за сите прашање. Но, важно е да одиме напред со формирање на владата. Ако не одиме напред, тоа ќе значи одложувања на одлуки, можеби нереализирање на проекти, и на крајот граѓаните ќе мора да одлучат дали сакаат нивното Собрание и политички лидери така да постапуваат”.

-“Го повикуваме претседателот да го придвижи процесот. Исто така, важно е Собранието да дозволи процесот да се придвижи напред, а јасно е дека тука прв чекор треба да биде избор на спикер на Собранието од новиот состав.”

-“Ги повикуваме соседите од регионот да бидат воздржани и да и дозволат на Македонија да оди напред со овој процес. Јасно е дека ова е чувствително прашање. САД го користи името Република Македонија и го признавме македонскиот идентитет.”

Изјави, Џес Бејли