DW: Илјадници ѓуленисти уапсени во Турција

Сподели

Турските власти денеска уапсија повеќе од илјада наводни поддржувачи на свештеникот Фетулах Ѓулен, во најголемата оперција по победата на претседателот Ердоган на референдумот за уставните промени, јавува Дојче веле.

Türkei Festnahmen von mehr als tausend Gülen Anhängern NEU (picture-alliance/AP Photo/O. Duzgun)

Рациите започнале од рани зори, а се трагало по преку три илјади осомничени, само една недела откако Реџеп Таип Ердоган извојува тесна победа на референдумот за контроверзните измени на Уставот со кои се воведува претседателски систем. Тие се последната индиција дека турските власти немаат намера да запрат во борбата против наводните непријатели на државата.
Досега се уапсени 1,013 осомничени во сите 81 турски провинции. Се барале вкупно 4,672 осомничени, но со оглед дека 1,448 веќе се во затвор, биле издадени налози за апсење на вкупно 3,224 луѓе.

Турските власти го обвинуваат Ѓулен дека го испланирал неуспешниот воен пуч во јули 2016 година со цел да го симне од власт Ердоган, но тој ги отфрла обвинувањата.
Околу 8,500 полицајци биле ангажирани во рациите на територијата на целата земја. Најавувајќи дека бројката на уапсени може да расте, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека рациите продолжуваат.