DW: Историски момент за Скопје и Софија – ќе победи ли доброто сценарио?

Сподели

 

Моментот е историски – решенијата кои ќе се донесат оваа недела во Софија, Скопје, Берлин и Брисел, се надевам дека ќе бидат за добро, анализира поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев за DW.

„Големата драма на Владата на Република Северна Македонија не е Бугарија, туку прво – наследството и идеологијата на комунистичкиот диктатор Тито, поддржана од силно српско-руско влијание, и второ – идејата за „Голема Албанија“, која е фиксирана во сознанието на Албанците во Северна Македонија. Второто е навистина големиот проблем и тој може да биде решен само ако Република Северна Македонија и Република Албанија преговаарат и се присоединат во ЕУ заедно“, пишува Плевнелиев за Дојче веле.

***

Лошото сценарио

Имајќи го предвид сето она на што претходно укажал, смета дека има добро и лошо сценарио во односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

„Лошото сценарио е ако Скопје реши дека добитната стратегија е да продолжи да се претставува како жртва на Грција во минатото, а денес на Бугарија. Ќе организираат кампањи, ќе лобираат, како што правеа во последните 30 години, но ќе загубат драгоцено време за неопходните длабоки реформи. Тоа статус кво ќе работи само за Србија и Русија, кои продолжуваат да влеваат антибугарски чувства и да отцртуваат линии на поделба во Република Северна Македонија. За разлика од Скопје, Тирана ќе продолжи со програмата за реформи. Ако Северна Македонија задоцни премногу во споредба со Албанија во процесот на интеграција кон ЕУ, тоа може да предизвика голем проблем, кој дури може да го доведе во прашање нејзиниот територијален интегритет, што ќе биде недозволиво за демократскиот свет“, оценува поренешниот бугарски претседател.

Текстот на DW во целост прочитајте го тука