Вести Македонија Ударни вести

DW: Ќе донесат ли изборите во Бугарија решение за ветото?

Сподели:

 

Португалија бара да продолжи дијалогот до изнаоѓање решение, пренесува Дојче веле. Пораката од Лисабон е дека несогласувањата меѓу двете земји не смеат да се внесуваат во ЕУ.

Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека избори во Бугарија во јули ќе донесат решение за бугарското вето за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Закаријаш, чија што земја ќе го предаде ротирачкото претседателство на Словенија на 1 јули, очекува дека како земја од истиот регион ќе помогне да се најде решение за проблемот, но истакна дека позицијата на Бугарија мора да се почитува и да нема несогласувања во ЕУ, јавува Бугарското национално радио, пренесувајќи го изјавите дадени на новинарите во Лисабон.

„Португалија призна, Бугарија беше под притисок за Македонија“, се дел од насловите во бугарските медиуми, кои детално ја пренесуваат пораката на Закаријаш, која вели дека на 11 јули во Бугарија ќе има нови избори и дека бугарските власти ги очекуваат резултатите пред да одлучат како да постапат. Таа смета дека е многу важно несогласувањата меѓу двете земји да не се внесуваат во ЕУ и оти Бугарија е под притисок да најде компромис.

Во меѓувреме и од Скопје се испратени слични пораки, дека С. Македонија ќе ја чека идната политичка влада на Бугарија во август за да ги обнови политичките контакти со Софија за договор за надминување на спорот. Дотогаш состаноците ќе продолжат на ниво на работните групи кои се координирани од министерствата за надворешни работи на двете земји. Премиерот Зоран Заев, пред декемврискиот самит на ЕУ не очекува усвојување на преговарачката рамка за членство. Тој посочи дека и по повтореното вето, земјата ќе продолжи со напорите за надминување на блокадата од Софија, а следната можност кога ќе се одлучува за почеток на пристапните преговори со ЕУ ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство, иако на 6 октомври е закажан самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ.

Текстот на Дојче веле во целост прочитајте го тука

Сподели: