DW: Лаги за пензионерите – Реалното на ВМРО-ДПМНЕ, нереално за ММФ

Сподели

Партиските ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите се нереални. Извештајот на ММФ и состојбата во Фондот за ПИОМ покажуваат дека нема простор за такви клиентелистички авантури.

penzioneri

Нема ништо реално во ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите, децидни се економските аналитичари, укажувајќи на големата финансиска дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но и на пораките од најновиот извештај на Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите во оваа сфера во Македонија. Во него ММФ констатира дека пензискиот систем во Македонија се соочува со значителна финансиска нерамнотежа поради стареењето на популацијата и намалување на придонесите, па им препорачува на властите да размислат за зголемување на старосната граница за пензионирање.

„И покрај поранешните реформски параметри при воведувањето на вториот столб, првиот столб се соочува со значителни нерамнотежи заради стареењето на населението и намалување на стапката на контрибуција. Дефицитот во пензискиот фонд кој изнесува значителни 4,5% од БДП е проектирано да се зголеми повеќе од двојно до 2030 година. За да обезбедат стабилност ги охрабруваме властите да го разгледаат зголемувањето на старосната граница за пензионирање, како и индексацијата на пензиите да се поврзе со трошоците на живот, да се воведат политики за да се зголеми партиципацијата на работната сила и да се зголемат стапките на контрибуција“, се вели во Извештајот на ММФ.

Битка за пензионерски гласови

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во битка за гласовите на „најголемото гласачко семејство“ од 300.000 пензионери, на изборниот пазар вети зголемување на пензиите за вкупно 10,25 отсто, и тоа по 5 отсто во септември 2018 година, и уште 5 отсто во септември 2020 година. Ова е еден од клучните „рефрени“ кој партискиот лидер Никола Груевски го повторува на митинзите. „Реално“ е името на програмата на ВМРО-ДПМНЕ на 500 страници, во која според партијата, се нудат „реално остварливи проекти“. Еден од нив е токму зголемувањето на пензиите.

Mazedonien Wahlkampagne Nikola Gruevski in Ohrid (Reuters/O. Teofilovski )                          ВМРО-ДПМНЕ вети зголемување на пензиите за вкупно 10,25 отсто

„Тоа воопшто не е реално со оглед на состојбите во Фондот за ПИОМ, и секој политичар кој е барам малку одговорен, не смее на ваков начин да ги подгрева очекувањата на пензионерите“, вели економскиот аналитичар Сашо Трајковски.

„Таа ‘дупка’ сега се покрива со задолжување. Тоа не е решение. Мора што поитно да се премине кон спроведување на темелни реформи, кои по извесен период, не толку краток, ќе почнат да даваат резултати. Сега е потребна длабока анализа на состојбата, согледувања на реалните слаби точки и долгорочна стратегиска одлука каква реформа да се спроведе. Компаративните искуства во земји со проблем сличен на нашиот, покажуваат дека најчесто се спроведувал комбиниран сет од мерки, кој го опфаќа економскиот раст и зголемувањето на стапката на придонес за пензиско осигурување, а во некои и поместување на старосната граница за пензионирање“, вели Трајковски.

Денес Македонија има едни од најниските стапки на придонеси за пензиско осигурување во Европа и централна Азија. Пониски стапки имаат само Косово и Казахстан.

Во изминатиов период протече информација дека Владата планира поместување на старосната граница за пензионирање (67 години за мажи и 64 за жени), но од Владата тоа ниту го потврдија, ниту го демантираа. Аналитичарите во ова препознаваат одложување на вистината во изборни цели.

„Мора да се знае каква стратегија се планира во оваа сфера. За тоа е потребна решителност и соочување со суровите факти. И тоа не треба да зависи од моментот дали е (пред)изборен период, па заради партиски интереси неодговорно да се продолжи изборното кокетирање со одредена категорија гласачи, во случајов пензионери. Напротив, респект ќе заслужи онаа партија или партии, кои на гласачите ќе им ги соопштат реалните состојби. Изборите ќе завршат, па брзо ќе се види дека состојбата во пензиската каса останала идентично неповолна или дополнително се влошува. Тогаш, секој ќе се праша на каков фундамент се потпирале ваквите ветувањата, а тешко ќе може да се најдат искрени одговори“, вели политикологот Арбен Адили.

Deutschland Rentner (picture-alliance/AP Photo/M. Meissner) Според некои пресметки, бројот на пензионери до 2030 ќе се зголеми за уште 50.000, односно ќе достигне 355.000

Фондот веќе е крахиран

Проблемите со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување започнаа со формирањето на приватни пензиски фондови, но се зголемија со растот на пензниите и намалените приходи од придонеси.

Текстот во целост прочитајте го тука