Вести Македонија Став Ударни вести

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ го кочеше опремувањето на болниците

Сподели:

 

“Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почеток на пандемијата со коронавирусот глуми дека се грижи за здравјето на граѓаните, се однесува неконструктивно, прави опструкции и ги критикува и кочи сите напори за справување со најголемата здравствена и економска криза, што го зафати целиот свет.

Ако на ВМРО-ДПМНЕ му беше важно здравјето на граѓаните, немаше со недели да го кочи донесувањето на новите мерки за превенција на ширењето на смртоносниот вирус. Со одолговлекување на мерките, кои се исти и слични како во голем број држави ВМРО-ДПМНЕ го загрози здравјето на сите граѓани.

Ако на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ им беше важно здравјето на граѓаните немаше преку заменичката министерка за финансии во техничката влада да го кочат заемот од Светска банка за опремување на болниците. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

Лицемерниот Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а постојано организира јавни собири кои се опасни по јавното здравје и на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

Губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведуваат во опасност јавното здравје и не нудат конкретни решенија за надминување на здравствената криза.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не им нуди ништо, освен режим, заштита на криминалот, шпекулации и невистини и затоа ги казнија во три последователни изборни циклуси” – се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

Сподели: