DW: Што Путин очекува од Трамп и што му нуди?

Сподели

Расположението во Москва пред инаугурацијата на Доналд Трамп се движи од еуфорија до воздржаност.

Москва, 17 декември 2015-та: по годишната прес-конференција Владимир Путин одејќи кон излезот одговара уште на неколку прашања. Еден од новинарите му поставува прашање за Доналд Трамп: „Маркантен човек, без сомнение – талентиран“, вели рускиот претседател и го нарекува американскиот милијардер „апсолутен лидер во претседателската кампања“ Во тој момент Трамп во анкетите води кај републиканците. „Тој вели дека ќе ги постави односите со Русија на ново, темелно ниво“, рече Путин. „Како може да не поздравиме такво нешто? Се разбира дека тоа го поздравуваме.“ Трамп се реваншира еден ден подоцна. Голема чест е што е пофален од човек „кој е високо почитуван во својата земја и во странство“.

Од размената на пофалби меѓу шефот на Кремљ и милијардерот од Њујорк се случија многу работи. Трамп победи на изборите и ќе биде инаугуриран на 20 јануари. Уште во текот на кампањата од страна на медиумите и на својата политичка противничка Хилари Клинтон беше опишан како „марионета на Путин“. Причина беа неговата реторика пријателски настроена кон Кремљ, но и различните контакти на луѓето околу него со Москва. Трамп и Русија тоа го отфрлаа како „глупост“ и предизборна реторика.

По изборите, Трамп е под притисок на нови обвинувања. Американските тајни служби го обвинија Путин дека наредил хакерски напади врз Демократската партија за да ѝ наштети на Клинтон. Во меѓувреме и Трамп призна дека Русија е одговорна за сајбер-нападите. Меѓутоа, новоизбраниот претседател демантира дека има какви било врски со Русија и дека е подложен на уцени, како што инаку се тврди во едно пикантно, но непотврдено досие.

Кремљ чека

Кога победи републиканскиот кандидат, во Русија имаше еуфорични реакции. Во Думата се аплаудираше. Десниот популист Владимир Жириновски си налеа шампањско. „Да, славевме три дена“, се пошегува портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во една телевизиска емисија на крајот на декември. Еуфоријата по победата на Трамп е необјаснива, а сепак – разбирлива. Сите се толку уморни од „бесмислиците“ од Вашингтон во врска со Русија, што „секаква надеж кон позитива“ предизвикува еуфорија.

Во московските дипломатски кругови немало голема еуфорија, тврди главниот уредник на реномираното радио „Ехо Москва“, Алексеј Венедиктов. „Професионалците знаат дека играта за нас станува потешка“, оценува новинарот. Русија од две причини треба да внимава на Трамп. Од една страна, Вашингтон ќе води „многу реакционерна политика“, а од друга страна – Трамп е „многу импулсивен“.

Russland Moskau Obst und Gemüse Abteilung in einem Supermarkt (DW/E. Samedowa) Последиците од санкциите се чувствуваат и во руските супермаркети – дел од производите веќе ги нема

Путин бара почит

Путин навистина е воздржан. Од Москва на адреса на Трамп стигнаа две пишани пораки – една честитка по победата и еден божиќен поздрав, како и еден телефонски разговор. Се прават напори за лична средба, датумот и местото сѐ уште не се определени.

Централната изјава на Путин во насока на Трамп со месеци останува иста: Русија е подготвена за обнова на односите со САД. И, не е Москва таа што е виновна за тоа што односите се на ниско ниво.

Како би можело да изгледа приближувањето? Околу тоа во моментов само се шпекулира. Ако се анализираат изјавите на Путин, може да се види збор кој се употребува особено често – респект. Шефот на Кремљ повеќепати го обвини Вашингтон дека не ја почитува доволно Русија по распадот на СССР.

Алексеј Кудрин, поранешен министер за финансии и некогашен човек од најблиското опкружување на Путин, на една средба во Њујорк во ноември, тоа вака го формулираше: „Мислам дека Путин сака Русија да биде повеќе слушана.“ Станува збор за светските настани во кои се погодени руските интереси. Целта – да се издејствува поголемо внимание – Путин делумно веќе ја оствари, нагласи Кудрин и укажа на последиците од руските постапки во Украина и Сирија.

Најгоре на листата со желби на Путин во однос на Трамп е веројатно укинувањето на санкциите, воведени во 2014 година, по руските потези во Украина. Сепак, Кремљ остава простор да се заклучи дека Москва е свесна оти тоа нема да се случи брзо. Се чини дека цел е и признавање на анексијата на Крим, прашање што на Москва ѝ лежи на срце. Двете работи се поврзани една со друга и Трамп во предизборната борба искажа подготвеност за разговори.

Symbolbild Beziehungen USA Russland Ukraine EU (picture-alliance/chromorange) Не само што Русија сака гаранции дека Украина нема да биде примена во НАТО, туку сака да биде прашана и за приближувањето на таа земја кон ЕУ.

Текстот во целост прочитајте го тука