Став

DW: Врие во АРМ – Мизеријата ја поткопува безбедноста!

Сподели:

Незадоволството во АРМ кулминира, состојбата се оценува како „во крајни граници на издржливост“, а синдикалците кои подолго време бараат зголемување на платите, веќе најавија штрајк.

Symbolbild - Grenzzaun (picture-alliance/dpa)

Ниски плати, недостиг на опрема, на униформи, на организиран превоз, доцнење на исплатата на надоместоците, отсуството на вежбовни активности поради недостиг на маневарски средства…

„Ова е само дел од сликата за мизеријата во АРМ, која влијае на нивото на нејзината борбена готовност, а со тоа и врз нивото на безбедност на Република Македонија“, предупредуваат од АРМ.

Незадоволството не го криеја во разговор со новинарите по вчерашната манифестација, на која питомци од 20-тата генерација на Воената академија „Михајло Апостолски“ дадоа свечена заклетва, а 35 беа промовирани во чин потпоручници. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, веднаш по манифестацијата замина, одбегнувајќи ги новинарските прашања.

Од АРМ велат дека состојбите не се од вчера или завчера. Се провлекуваат со години, а Министерството за одбрана досега не презело ништо за нивно надминување.

„Во АРМ врие. Незадоволството кулминира, а од компетентни лица состојбата се оценува како ‘во крајни граници на издржливост’“, велат тие.

Ова се и причините поради кои Синдикатот на одбрана и безбедност (СОБ) и Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) минатиот петок најавија штрајк поради неисполнување на нивните барања: да се зголемат платите за 20 отсто и во иднина тие да го следат зголемувањето на платите во МВР, но и да се зголеми надоместокот на платата за ангажирање во ноќните часови, неработни и празнични денови. Според Законот за одбрана, штрајкот треба да се најави најмалку десет дена пред неговото одржување, а министерот треба да обезбеди непречено извршување на задачите кои се од витално значење за безбедноста на РМ.

Griechenland Mazedonien Grenze - Panzer auf mazedonischer Seite (DW/S. Amri)Собранието треба да гласа продолжувањето на кризната состојба, со што АРМ и натаму ќе остане распоредена на јужната граница

Доста е од ветувања!

Од Министерството за одбрана за некои медиуми изјавија дека со претставниците на Синдикатот неколкупати разговарале за барањето за покачување на платите и дека истото е во фаза на разгледување, но и дека нема никаков застој во исплатата на обврските кон персоналот.

Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбрана и безбедност, вели дека стигнуваат некакви слаби сигнали дека ќе се решава проблемот, но тие веќе не веруваат на ветувања.

„Штрајкот нема да се реализира само ако Владата донесе одлука со која ќе ги прифати нашите барања“, дециден е Ајтов.

Во однос на надоместоците, синдикалците велат дека нивната исплата доцни од  три до четири месеци, од што произлегува дека вработените го финансираат Министерството. Списокот на синдикални забелелешки е долг: недостиг на опрема, на униформи, доцнење на исплатата на дневници и надоместоци за одвоен живот, отсуството на вежбовни активности поради недостиг на маневарски средства, недостиг на организиран превоз до касараните поради неуспешниот тендер во јули…

„Ветија дека до крајот на септември ќе завршат со тендерската постапка и дека повторно ќе биде организиран превоз за припадниците на МО и АРМ. Еве дојде и октомври, превоз сѐ уште нема, а исплатата на надоместоците доцни“, вели Ајтов.

Со тоа, на речиси 50 отсто од вработените кои доаѓаат на работа од други градови, работниот ден и натаму им трае од 12 до 14 часа, поради тоа што се принудени да користат редовни патнички врски и да менуваат и по повеќе автобуси.

И на 18-ти август годинава, на 24- годишината од формирањето на АРМ синдикалците го изразија незадоволството од стандардот, посочувајќи  дека просечната плата на униформираните е меѓу 15 и 16 илјади денари, што е под просекот на ресорот одбрана и под републичкиот просек, а помала и во споредба со платите во другата безбедносна институција – МВР.

„Не се согласуваме државата да биде мајка за полицијата, а маќеа за војската“, реагираа синдикалците.

Касарните без греење

Mazedonien 20 Jahre mazedonische Armee (MIA)Државата е мајка за полицијата, а маќеа за војската, обвинува синдикатот

Незадоволството расте, со оглед дека синдикалните барања со години се игнорирани, а обврските на вработените се зголемуваат. Поради предупредувањата дека Македонија и Европа набрзо ќе бидат соочени со нов мигрантски и бегалски бран, деновиве Владата предложи, а членовите на Комисијата за одбрана и безбедност дадоа зелено за уште едно шестмесечно продолжување на кризната ситуација на јужната граница, до 30-ти јуни 2017 година. Во четврток на пленарна седница Собранието ќе треба да гласа продолжувањето на кризната состојба, со што АРМ и натаму ќе остане распоредена на јужната граница со цел да спречи неконтролиран влез на бегалци и мигранти.

Текстот во целост прочитајте го тука

dw.com.mk

 

Сподели: