Вести Македонија Ударни вести

ДЗС: Уништени 1.150 убојни средства на Криволак

Сподели:

 

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) деновиве по стандардно оперативни процедури изврши уништување на неексплодирани убојни средства на воениот полигон Криволак.

 

 

Уништувањето е извршено според годишниот план на 9, 14 и 28 јули од страна на пиротехничарите при што се уништени 1.150 парчиња неексплодирани убојни средства од разни калибри на артилериски зрна, рачни бомби, авио бомби и мини.Уништените убојни средства се пронајдени во период од две години на територијата на државава – информираат од ДЗС.

Сподели: