ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во раните утрински претпладневни чсови ќе има локален слаб дожд во западните делови. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 степени, а дневната максимална од 9 до 21 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.