ЕДУИНО-ВЕБИНАР: “Промоција на безбедна училишна средина”

Сподели

 

Во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, на 13 декември ќе се одржи ЕДУИНО-ВЕБИНАР на тема „Зајакнување на училиштата и општините: законски обврски и стратегии за заштита и учество на учениците“.
 
Вебинарот е наменет за директори на основни училишта и претставници од општините, посебно од секторот за основно образование.
 
Програмските содржини на овој вебинар ќе им овозможат на директорите на основните училишта и на претставниците на општините сеопфатно разбирање на законските обврски кои се однесуваат на заштитата и учеството на учениците.
 
Сите директори на основни училишта и претставници на општини коишто се заинтересирани да бидат дел од овој ЕДУИНО-вебинар, може да го исконтактираат нашиот тим на info@innovationlab.mk кој ќе ги обезбеди дополнителните инструкции за учество на истиот.
 
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е финансиски поддршан од страна на Детската фондација „Песталоци“, а се спроведува во партнерство со Coalition of youth organizations SEGA, МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC и Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi