Едукативен проект на Кинотека “Филмска училница”

Сподели

 

Со првата сесија во саботата започна втората сезона на едукативниот проект на Кинотеката, насловен ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА.
 
 
 
 
Проектот е поддржан од Министерството за култура, и се состои од различни едукативни содржини, тематски групирани во десет училници во кои преку интерактивно-креативно учење, учесниците ќе се запознаат со националното аудио-визуелно културно наследство, ќе имаат можност да гледаат филмови од архивот на Кинотека, ќе учат како да размислуваат за едно филмско дело, ќе добијат основни познавања од филмската историја и од филмскиот јазик и ќе имаат можност да креираат кратки филмски етиди, инспирирани од богатата ризница на македонската кинематографија.
 
 
 
 
Како и минатата година, кога ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА се одржа за прв пат, десетина ученици од средните училишта ќе се запознаат и со работата на Кинотеката, со различните дејности, како реставрација, дигитализација, филмско архивирање, филмска есеистика и критика, киноприкажување.
 
Идејата на ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА е на учениците да им ги приближиме и другите сегменти и професии што се поврзани со филмот, посебно во делот на заштитата на нематеријалното аудио-визуелно културно наследство и финесите на филмологијата, работата со филмска лента, реставрација и дигитализација на филмови.
 
Проектот ќе се одвива секоја сабота во Кинотека и ќе трае 10 недели. Заради интересот за учество на ученици од другите градови во Македонија постои идеја да бидат реализирани две паралелни филмски училници за нив.
 
ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА се реализира под водство на филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева, а во реализацијата учествуваат и филмолозите од Кинотеката, Владимир Ангелов, Александра Младеновиќ, Бојан Станишиќ, Александар Трајковски, Дамјана Ивановска, Стојан Синадинов, Игор Старделов, Петар Волнаровски, Тихомир Кашмицоски… Предвидено е да има и неколку сесии-работилници на ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА со филмски доајени и со автори од помладата генерација…
 
 
 
 
Првата сесија на ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА започна со меѓусебното запознавање на учениците и нивната менторка Џиџева. Учесниците се претставија преку нивните видео автопортрети, а по гледањето и анализата на кратките класични филмови од црно-белата нема ера на браќата Лимиер „Излегувањето на работниците од фабриката“ и „Пристигнувањето на возот во станицата“, и „Баба Деспина“ на браќата Манаки, тие беа запознаени со првите чекори во креирањето на филсмката сторија. Споменатите едноминутни дела се состојат од по еден кадар, во кој се опсервира некое дејствие, па учесниците за следната сесија планира нов проект, „Филмска училница аботат „домашна работа“, видео материјал снимен со мобилен телефон во еден кадар во кој опсервираат нешто што им привлекло внимание.
По креативните разговори меѓу менторката Џиџева и улесниците за раѓањето и развивањето на една филмска сторија, тие го одгледаа и филмот ЧОВЕК СО КАМЕРА на Ѕига Вертов, класикот на немата ера од руската (советска) монтажна школа од почетокот на 20-те години на минатиот век, кога и, всушноист, се форматира филмот како уметност на подвижните слики.
 
ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА за годинешната сезона планира и почетокот на нов проект, „Филмска училница за наставници и професори“, па една една од сесиите ќе им биде посветена ним. Планирана е и заедничка сесија на ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА со учениците и професорите во која филмот ќе биде разгледуван како уметност и како алатка во реализирањето на наставните содржини.
 
Филмската едукација за млади е дел и од активностите на Кинотека, која е секогаш отворена за сите и постојано се случуваат различни филмски работилници, филмска програма за деца и за ученици.