Вести Македонија Ударни вести

ЕКО ДРОН ПАТРОЛА на Град Скопје и ЕРГОС во потрага по загадувачи на животната средина

Сподели:

 

Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии.

 

 

Во рамките на оваа соработка, ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на градот и не е забележано ниту едно палење на стрниште или создавање на нова дива депонија.  Следното прелетување со дрон ќе се направи во текот на следната недела и дел од прелетите ќе се емитуваат во живо на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје.

 

 

Еко дрон патролите ќе вршат прелети во текот на месеците септември, октомври и ноември со цел во текот на овие три месеци кога завршуваат земјоделските активности во атарите на градот да ги откријат и евидентираат загадувачите во Скопје.

По извршените прелети со дрон над околината на градот, снимките и фотографиите се предадат како материјали на инспекторите во Град Скопје за тие да можат веднаш да реагираат на терен, да поднесат пријава и да ги гонат потенцијалните загадувачи.

Овој проект е дел од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2020 година. Целта на еко дрон патролата е се подобри животната средина со зголемување на мотивацијата, но и активно вклучување на локалното население, пред се земјоделците од околината на Скопје, во процесот на унапредување на животната средина и спречување во загадување на воздухот, водите, почвата и јавни зелени површини.

 

Сподели: