Екоактивисти трет ден со жив ѕид на Водно

Сподели

Трет ден по ред, под мотото „Не низ Водно“ активистите од екологистичката иницијатива „Го сакам Водно“ и денеска продолжува со одржување на живиот ѕид пред механизацијата на фирмите кои треба да го градат гасоводот на Водно.

Преку Фејсбук-страницата, активистки утринава објавија фотографии од кампот, повикувајќи ги граѓаните да им се придружат.

„Го сакам Водно“ вчера преку соопштение ги образложи причините зошто продолжува да се спротивставува на изградбата на гасоводот и побара мерки против работникот што во средата даде наредби багерите да ги прегазат активистите што протестираа.