Експерти од француската полиција организираат обуки за македонските полицајци

Сподели

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Француска Република во Македонија Н.Е. Кристијан Тимоние.

На средбата беа потврдени заложбите за натамошно продлабочување на досегашната меѓусебна соработка. Спасовски се заблагодари за досегашната поддршка и помош на Француската Република за Македонија, која освен преку материјално – технички и финансиски средства, изминатиов период е изразена и преку организирање на обуки, тренинг курсеви и семинари за македонските полициски службеници од врвни експерти од француската полиција.

Спасовски и Тимоние разговараа и за напредокот на реформските процеси во Министерството за внатрешни работи.