Митрополит Амвросије: Атеистичкиот премиер го навлече Божјиот гнев – Грција ја упропастија пожари и полави

Сподели

„Атеистичкиот премиер го навлече Божјиот гнев. Грција ја упропастија пожари и полави“, напиша грчкиот митрополит Амвросије.

„Атеистите на „Сириза“ се причината зошто не погоди голема катастрофа. Некои неверојатни природни непогоди ја зафатија нашата земја, уништувајќи го народот и домовите. За своите 80 години живот јас не сум видел ваква катастрофа“, порача грчкиот митрополит.

Цитирајќи го Новиот завет од Библијата, Амвросије напиша дека со оддалечувањето од Бога се појавуваат разни непогоди, од земјотреси и глад, до разни епидемии, криминал и пожари.

Митрополитот му замерува на Алексис Ципрас затоа што не ги крстил своите деца и не се венчал со својата партнерка.

Поголемиот дел од грчките медиуми не ги примија добро ваквите изјави на грчкиот митрополит.