Ердоган: Група лаици во Франција потпишаа декларација со која бараат исфрлање на делови од Куранот

Сподели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес порача дека скандалозното барање на француските писатели и одредени политичари да се избришат одредени делови Куранот, е подол и дрзок чин, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето во Клубот на пратеници на владејачката турска Партија на правдата и развојот (AK Parti), Ердоган истакна дека таа политичка опција од доаѓањето на власт никогаш не имала двојни стандарди, ниту пак била дволична, туку секогаш работела и му поднесувала сметка на народот и на Бога.

„Таков е случајот и со нашата политика кон Сирија. Навистина бевме искрени кога соработуваме со сириското раководство кое го сметавме за претставник на нашиот братски народ и сосед. Кога сирискиот режим почна да врши злосторства против својот народ повторно бевме искрени, ја отворивме нашата врата и се погриживме за своите браќа од оваа земја“, рече Ердоган.

Ердоган истакна дека Турција води искрена политика и во врска со интеграцијата во Европската Унија (ЕУ), но јасно е, рече, дека кон Турција се поставуваат поинакви стандарди и дека Турција не може да дозволи загрозување на своите национални интереси.

„Група лаици во Франција потпишаа декларација со која бараат исфрлање на некои делови од Светиот Куран. Јасно е дека овие неуки луѓе не знаат ништо за Куранот, но којзнае дали некогаш прочитале што пишува во нивните свети книги, Библијата, Тората и Псалмите. Да ја прочитаат Библијата, сигурно би барале нејзина забрана“, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека намерата на таа француска група е јасна, Ердоган рече дека сите земји од Западот ја критикуваат Турција кога таа ги предупредува за растечкиот проблем на исламофобијата, ксенофобијата и расизмот на Западот.

„Слушнете земји од Западот, во екот на вашите напади на нашата света книга, знајте дека ние нема да ги напаѓаме вашите свети вредности“, порача Ердоган.

Тој понатаму рече дека секогаш ќе биде на страната на вистината, и со кого, кога и како ќе разговара.

„Прво, кои сте всушност вие за така да ги напаѓате нашите свети вредности. Ние знаеме колку сте подли. Вие тоа го правевте и го правите насекаде, ние не ве знаеме од денес. Но, колку и да го правите тоа, ние никогаш нема да ги напаѓаме вашите свети вредности на начин на кој го правите вие. Ние не сме подли како вас“, порача Ердоган од Анкара.

Група од околу 300 француски писатели и политичари, вклучувајќи го и поранешниот француски претседател Никола Саркози, и поранешниот премиер Мануел Валс, потпишаа отворена петиција за отстранување на одредени делови од Куранот кои ги сметаат за провоцирачки и антисемитистички.