Вести Македонија Ударни вести

Одбиено барањето за изземање на обвинителите од СЈО во случајот “ТЕНК”

Сподели:

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, го одби барањето на Никола Груевски за изземање на двајцата обвинители кои го застапуваат обвинението за набавката на луксузниот мерцедес.

Ова е прво барање од одбраната за изземање на обвинителите. Досега адвокатите бараа изземање само на судиите од Основниот и од Апелацискиот суд.

Јанева посочила дека нема причина Ленче Ристовска и Стевчо Донев да бидат изземени. Обвинителите препознаа обид на адвокатите на Груевски со ова да ја одолговлекуваат постапката.

На денешното рочиште присутни се обвинетите, екс-премиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски.

За Гордана Јанкулоска судот ја одвои постапката поради ризична бременост.

Сподели: