Вести Свет Топ теми Ударни вести

Терористички напад на Крим: Експлозија и пукање на факултет – 13 мртви, 70 повредени

Сподели:

Најмалку 13 лица загинале, а 70 биле повредени во експлозија во Политехничкиот факултет во Керч, во источниот дел на Крим, а инспекторите соопштиле дека станува збор за терористички напад.

На местото на настанот се наоѓаат антитерористички единици кои соопштиле дека експлозијата била подметната, и дека експлозивната направа била полна со шрапнели, а сведоците наведуваат дека во исто време се одвивало и пукање.

Двајца очевидци рекле дека за време на експлозијата на бомбата околу зградата имало вооружени напаѓачи кои пукале во луѓето.

Претходно било соопштено дека до трагедијата дошло откако експлодирал гас.

Итни служби и спасувачки возила се на самото место. Досега во болница биле однесени 18 луѓе.

 

Сподели: