Музика и Филм

ЕРОВРОСОНГ 2019: Тамара Тодевска вечерва настапува со песната со „Proud“

Сподели:

 

Тамара Тодевска вечерва настапува со песната со „Proud“ претпоследна, од 18 учесници, на второто полуфинале на Евросонг кој во неделата беше свечено отворен во Тел Авив.

Вечерва за влез во финалето се борат и претставниците на Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Латвија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азербејџан.

Познати се првите 10 финалисти од првата полуфинална вечер, која се одржа завчера вечер на Евросонг.

Од 17 земји кои настапија, во финалето се пласираа изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

 

Сподели: