МАНУ: Одбележување 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски

Сподели

 

Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија  денеска одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски.

Во рамки на одбележување на јубилејот, промовирано ќе биде пригодното издание „100 Години Ѓорѓи Филиповски“ од академик Глигор Јовановски, а прикажан ќе биде и филмот „Приказна од еден век – акадаемик Ѓорѓи Филиповски“.

Академик Ѓорѓи Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјава како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Земјоделско-шумарскиот факултет, МАНУ.

По поздравниот збор на претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, предвидено е обраќање и на академик Филиповски. За неговиот лик, научниот и наставниот придонес ќе говори проф. д-р Татјана Миткова од Факултетот за земјоделски науки и храна, а пригодна реч ќе има и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски.