7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 6 до 11, а дневната од 15 до 21 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно. Попладне се очекуваат врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло. Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Сподели: