Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза евроинтеграција на Северна Македонија

Сподели:

 

„САД и Северна Македонија не споделуваат само заеднички интерес туку и заеднички вредности”, изјави заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар на денешната прес-конференција.

 

 

“Би сакал да ја искажам нашата благодарност на Северна Македонија за континуираната поддршка и придонес во НАТО и сакам да ја пренесам силната поддршката од администрацијата на САД за брза евроинтеграција  на државата. Ние работиме со нашите европски партнери за да се осигураме дека тоа ќе се случи мошне брзо. Сите сме согласни дека Северна Македонија е културно и историски дел од Европа и треба да биде на заедничката маса. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да покажете флексибилност во процесот на интеграција и во спроведувањето на натамошните реформи тоа да стане реалност. Дополнително, истражуваме можности за зајакнување на водечкото место на Северна Македонија во меѓународните односи за да најдеме решение за прашањата кои се предизвик за алијансата и за регионот на Балканот и Европа во целост. Се надеваме и дека ќе најдеме начини да ги продлабочиме нашите веќе одлични односи”, порача Ескобар.

Министерот Османи  изјави дека со САД одржуваме динамичен дијалог и дека имаме многу блиска соработка.

 

 

„Северна Македонија  останува посветен и кредибилен сојуз на САД во Западен Балкан. Ние сме благодарни за јасната и гласна поддршка од САД и убедени сме дека таа порака е јасно примена и разбрана. Нема сомнение дека ЕУ перспекривата на Западен Балкан е најсигурна инвестиција за регионот. Сега е време Северна Македонија да почне преговори со ЕУ. Тоа ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ, ќе се забрза евроатлантската интеграција и ќе се потврди геостратешката ориентација на нашиот регион“, рече Османи. 

 

Сподели: