Европски сојуз за промена: Без член на албанската опозиција во ДИК, не може да има фер избори

Сподели

 

Конкурсот за избор на член на Државната изборна комисија е веќе затворен и претседателот на Собранието Талат Џафери исто така е информиран дека кандидат на Европскиот Сојуз за Промена е Абдуш Демири.

Бидејќи со службен допис е известен првиот човек на Собранието, бараме што поскоро да постапи согласно Уставот и соодветните Закони во кои јасно стои дека опозицијата мора да има свој претставник во Државната изборна комисија.

Секое друго дејствие би било јасен показател дека власта, чиј дел е и претседателот на Собранието, се подготвува да следните избори бидат манипулирани, недемократски и без претставник на албанската опозиција, следствено да е неуреден и недемократски процес. Тоа е во целосна спротивност со европските вредности и стандарди, што негативно ќе се одрази и на евроинтеграцискиот процес на земјата.

Првите индиции за манипулациј на изборите веќе се дадени од министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ се обиде да влијае на намалување на бројот на набљудувачи на оваа многу важна меѓународна институција која ги надгледува и оценува изборните процеси.

Исто така ја информираме јавноста и државните лидери дека доколку се обидат да го задржат ДИК целосно под контрола и да го остават без претставник на албанската опозиција, во случајов од Европскиот Сојуз за Промена, тогаш на нашите средби со релевантни меѓународни и локални фактори, средби што почнуват од денес, со амбасадорот Гир, ќе ги информираме и алармираме сите меѓународни институции, амбасадите на пријателските земји како САД, ЕУ но и другите европски земји за ова тенденција!

Се надеваме дека ќе надвладее рационалноста и ќе се почитува уставот!, се наведува во соопштението на Европскиот Сојуз за Промена.