Сатирична драма „Среќен мртовец“ во Дом на АРМ

Сподели

 

„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал. Од тој момент животот на Живко се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти. Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.
 
Автор: Марјан Анѓеловски
Улоги: Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски и Јасмин Рамани.
 
Продукција: Алтернативен Театар Отпишани – Скопје
Цена нa влезница 250 денари.