Европскиот број за итни случаи 112, од денеска во употреба

Сподели

 

Денеска се пушта во употреба Европскиот број за итни случаи 112 и за македонските граѓани, кои во итен случај и во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада.

 

 

Се работи за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на ЕУ. Целта е да се спроведе како единствен европски број за итни повици со цел да му се помогне на населението во случај на загрозување на нивните животи или материјални добра на државата.

На официјалното пуштање во употреба, ќе се обратат премиерот Ковачевски,  Дејвид Гир, Шеф на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за Управување со кризи и  Младен Вратоњиќ, потпретседател на бордот на „EENA“.

Европскиот број за итни повици беше воспоставен со измените на Законот за управување со кризи. Во законското образложение беше посочено дека воведувањето на бројот за итни случаи 112 и распределувањето на потребните финансиски средства бара измена на широка законска регулатива, која го опфаќа и Законот за електронски комуникации, каде што е веќе имплементиран бројот за итни случаи 112.