Заев и Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ молчат околу новите наводи за атентатот врз Глигоров

Сподели

 

“Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот над поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Денес по 24 години повторно се отвора трага, по сеќавање и сведочење на поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија и на емнинентен новинар. Мора да се покрене истрага по овие наводи. По допрен глас, или по како и да сакаат да најдат основа и да ги наречат овие јасни нивни показатели и искази.

Срамно е што се уште изостанува реакција на институциите околу сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Данилов Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров.

И Зоран Заев, исто како и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ молчат околу новите наводи за атентатот врз Претседателот Киро Глигоров. Ниту атентат ги интересира, ниту обврската кон семејството на покојниот Претседател, иако и најблиските и целата јавност имаат право да ја дознаат вистината околу хаосот и црнилата што и пред 24 години ги донесе СДСМ.

Не ги интересира ниту сведочењето на поранешниот Претседател на Собранието, Стојан Андов, ниту исказите на новинарот Љубомир Гајдов.

 

Наместо нарачаните политички изјави од лица обвинети за сериозни дела, кои за Зоран Заев имаат поголемо значење, државата мора сериозно да се позанимава со овој огромен скандал. Не може заради политичките процеси мотивирани лично од аболицираниот криминалец Зоран Заев, државата во јавноста да ги поклопи сведоштвата на Стојан Андов и на Љубомир Гајдов, со нарачано сведоштво во политички мотивиран процес. За Зоран Заев, СДСМ, „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“, Стојан Андов и неговото сведочење и изјавите на Љубомир Гајдов имаат помал кредибилитет околу нарачаното сведочење.

Државата и институциите мора да отворат истрага, колку и да се во пупката на Заев. И „Рускоска обвинителството“ и МВР на министерот за прогон Спасовски, и „Кацарска судството“, мора да излезат од таа пупка и да дадат одговор по овие јасни и недвосмислени сведоштва” – соопшти Стоилковски на денешната прес-конференција.