Европскиот парламент препорача Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ

Сподели

 

Европратениците во огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата со која се бара да и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина.

Резолуцијата е донесена со само 13 гласа против и 26 воздржани, додека 637 гласаа за на денешната вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент.

Со ова европратениците испраќаат јасен сигнал до Украина, но и до Русија, дека Киев има целосна поддршка од единственото демократски избрано тело во Европската Унија.

Претседателот на Европскиот Совет побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ. 
 

Европскиот парламент му порача на Путин да ја запре војната, да ги повлече трупите од Украина и да се најде решение за спорот по мирен пат. 

До сега земјите од истокот на Европа не биле дел од процесот на проширување и на стабилизација и асоцијација. Европската Комисија ќе треба наскоро да се произнесе за иднината на Украина во ЕУ