ФБ СТАТУС: ЈАСМИНКА АНГЕЛОВА – “УШТЕ СЕ` СЛУША!”

Сподели

 

jasminka angelova

Уште сѐ се слуша!

Директно кршејќи ја наредбата на министерот за внатрешни работи, ноќеска тројца високи полициски претставници се обидоа со лажење и дезинформирање да направат хаос во МВР.

Наводната загриженост што ја манифестираа за посебните истражни мерки (ПИМ) што се спроведуваат не е заради ризикот дека ќе настане прекин во системот туку затоа што во судската наредба влегуваат и активни посебни истражни мерки кои не се завршени, а опфатени се во периодот до декември 2015 година. Уште сѐ се слуша, затоа е целата паника!

Бидејќи постои времено законско ограничување на траење на ПИМ од 4 месеци + продолжување од 4 месеци +продолжување од 6 месеци (кај кривични дела извршени од организирана група, банда, злосторничко здружение) баш ме интересира дали постојат барања за продолжувања на истите мерки од страна на овластен обвинител и одобрение од судија за Тие „пимови“ СЕУШТЕ ДА ТРААТ.

Актуелниот директор на БЈБ Митко Чавков изјави дека присуствувал во просториите на УБК поради три причини и затоа имал професионална обврска да ја информира македонската јавност, бидејќи се борел за професионалните принципи и владеење на правото. Колку убаво звучи ако не паметиме!

Да потсетам дека истиот Чавков лани имаше професионална обврска да ја одбие функцијата министер за внатрешни работи, да ја информира македонската јавност дека неговиот избор на функцијата е спротивна на највисокиот правен акт во државата (согласно Член 97 од Уставот на РМ со Министерството за внатрешни работи раководи цивилно лице кое непосредно пред изборот на функцијата бил цивил најмалку три години) и заради владеење на правото да признае дека неговата одговорност како директор на БЈБ е ОГРОМНА, со оглед дека имале ПИМ кои се однесувале на националната безбедност и нѐ спречил, туку напротив лошо ја подготвил полициската акција во „Диво насеље“ со катастрофална загуба на човечки животи.

За неговите три смешни причини, ќе конкретизирам:
– Чавков е директор на БЈБ и нема што воошто да бара во просториите на УБК. Неговото присуство исклучиво значи злоупотребување на неговата службена положба за попречување на истражните дејствија на СЈО и негово директно влијание на вработените од МВР во сокривање на доказите, а кои би можеле да бидат евентуални сведоци, соработници на правдата…
– Начинот на ангажирање на „Алфите“ е прецизиран, по барање на СЈО должни се да обезбедат услови за работа на истражителите односно асистенција кога се собира доказен материјал во истражните постапки, затоа нека не глуми наивност;
– „Алфите“ не одат со рацете во џеб, вооружени се со службено оружје по проценка на раководителот и нормално е дека ќе бидат распоредени околу и во објектот каде што се врши истрагата односно се спроведува судската наредба;
– Не му личеле на полициски службеници.
Е ДА, не личат на осомничените во „Тортура и другите алфи на Пуки“. Не ве легнаа на земја, не ве пцуеа и не ви „ебаа се живо“ за да ве исфрлат од објектот кој е под судски налог, туку биле мирни и коректни, затоа што се вистински професионалци!

„Не знам колку ви е јасна работава“ вели директорот на УБК. Нас ни е ептен јасна, ама и вас ви е!
Затоа што, Законот и редот на кој што се повикувате почнува да владее, а вашиот циркус по завршување на последнава претстава секако ќе заврши зад решетки.

Фб статус, Јасминка Ангелова