Фејсбук избриша 1,5 милиони видеа од масакрот во Нов Зеланд

Сподели

„Фејсбук“ соопшти дека отстранил околу милион и пол снимки објавени во првите 24 часа по нападот на двете џамии во Нов Зеланд, во кој загинаа 50 лица а 36 се хоспитализирани.

„Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиони беа блокирани во текот на нивното прикачување“, соопштија од „Фејсбук“, а објави агенцијата „Ројтерс“.

Реакцијата на Фејсбук доаѓа по обвинувањата од премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која изрази згрозеност од директниот пренос на масакрот на оваа социјална мрежа. Таа изјави дека државата ќе го измени Заонот за носење оружје.

Компанијата објави дека ќе ги отстрани и сите измонтирани верзии на снимката кои не прикажуваат графички содржини од почит кон луѓето засегнати од пукањето во џамиите.