Спорт

Фенербахче има нов тренер – Александар Џорџевиќ го заменува Кокошков по само една сезона!

Сподели:

Поранешниот селектор на Србија, Александар Џорѓевиќ, е нов тренер на турски Фенербахче.

Џорѓевиќ потпишал тригодишен договор со клубот од Истанбул и доаѓа како замена за Игор Кокошков, кој реши да замине повторно во НБА лигата.

Џорѓевиќ беше без работа за кратко време, од крајот на минатата сезона кога се раздели со Виртус од Болоња по титулата италијански шампион.

Пред Фенербахче, Џорѓевиќ го предводеше Виртус од Болоња, а беше и тренер на Баерн, Панатинаикос, Олимпија од Милано, Тревизо и селектор на српската репрезентација, со која освои олимписко, светско и европско сребро.

The post Фенербахче има нов тренер – Александар Џорџевиќ го заменува Кокошков по само една сезона! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: