ФОТО: Наполи со спектакуларен дрес со ликот на Марадона одат на титула! – Не забораваат што направи за нив!

Сподели

Во спомен на најголемата клупска легенда, Диего Армандо Марадона, Наполи претстави спектакуларна, специјална колекција на дресови.

Предводникот на Серија А во соработка со Армани дизајнираше дрес со ликот на „Ел Пибе“, за многумина најдобриот фудбалер во историјата, кој од 1984 до 1991 година играше за Наполи и му донесе две шампионски титули.

Погледнете како тоа изгледа..

„Наполи му оддава почит на Диего Армандо Марадона, симбол на неговата ера и неприкосновена фудбалска икона, посветувајќи му го дресот на тој голем човек. Играта на Марадона“, соопштија од клубот.

Преселбата на Марадона во Наполи од Барселона во 1984 година одекна како бомба. На стадионот „Сан Паоло“ го пречекаа 75.000 луѓе и сите беа свесни дека тој момент ќе ја промени историјата на нивниот клуб.

Така беше, бидејќи тој клуб го издигна на височини до кои никогаш не стигнал пред и потоа.

Сепак, оваа сезона, под водство на Спалети, „наполитанците“ повторно итаат кон титулата и моментално се први на табелата, со ист број бодови како и Милан.

Ќе успеат ли да му го вратат трофејот на Неапол во дрес со ликот на Марадона? Останува да видиме….

The post ФОТО: Наполи со спектакуларен дрес со ликот на Марадона одат на титула! – Не забораваат што направи за нив! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico