ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКАТА ЛИТЕРАТУРА

Сподели

14705843_1213468412042682_2697158326017760331_n

Public room, 24 октомври-06.ноември

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со огромно задоволство го најавува второто издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 24 октомври до 11 ноември 2016 година. Под слоганот „Симни ми ѕвезда“, фестивалот оваа година е во знакот на жените. Пред домашната публика ќе бидат претставени четири исклучителни писателки од Европа, една македонска писателка од новиот бран, антологија на современите македонски поетеси, антологија на најубавите песни од европски авторки, а книжевната трибина, исто така, е посветена на оваа тема.
Годинашното издание на фестивалот, всушност ќе биде уметнички изблик во целост. Свое место во програмата, покрај книжевните промоции, заземаат и десетина концерти и настапи на познати бендови, но и друг вид млади уметници, сценски перформанси, дебати, креативни детски работилници, филмски проекции, иако фокусот останува на книжевноста, како на европската така и на македонската.
И оваа година организаторите на фестивалот ќе се обидат да ги доближат домашните и странски ѕвездени имиња до публиката и на тој начин да ги исполнат желбите на читателите „гладни“ за квалитетна литература и на најубав начин да ја продлабочат соработката и двонасочната културна размена меѓу Македонија и Европа – преку литературата.