Фестивал на музички документирани филмови Skopje Cinema City 5

Сподели

 

03.09.2019

Кит Ричардс: Под Влијание
САД, 2015 г. Реж. Морган Невил
Времетраење: 82 мин.

Филмот под влијание е портрет на гитаристот Кит Ричардс кој е срцето и душата на бендот Ролинг Стоунс. Тој е сниман после објавувањето на неговата автобиографија „Живот“ и за време на сесиите за неговиот соло албум „Cross-eyed Heart”. Низ него се раскажува и за луѓето и жанровите кои влијаеле врз неговиот вкус и разбирање за музиката (блуз, кантри, рокенрол, реге) и кои тој ги пренел во песните кои ги има напишано.

21.30 соло настап Влатко Стефановски

04.09.2019

19.00 Во потрага по Роберт Џонсон
В. Британија, 1992 г., Реж.Крис Хант
Времетрање: 72 мин.

Роберт Џонсон е еден од најпознатите блуз музичари на сите времиња. За неговиот живот постојат многу митови и легенди а најпозната е дека ја продал душата на ѓаволот за да има нечуени вештини на гитарата и слава. Нема бенд или музичар денес кој не бил под влијание на неговата музика. Многу од нив и ги имаат обработено неговите песни: Клептон, Стоунси, Лед Цепелин, Дорс…Филмот е патешествие по јужните делови на САД каде приказната за Џонсон е прикажана преку Џон Хамонд кој открива многу детали за овој енигматичен човек и интервјуира неколку пријатели и придружници на Џонсон како Ханибој Едвардс и Џони Шајнс.

20.30 Настап „In the Mood”

21.00 Ерик Клептон: Ништо друго освен блуз
САД, 1995 г., реж.Мартин Скорсезе
Времетраење 54 мин

Филмот е снимен после албумот на Клептон со блуз кавери „From the Cradle” во 1994 г. и во филмот тој зборува за својата љубов за блуз музиката и за музичарите кои тој најмногу ги цени од тој жанр: Мади Вотерс, Хаулин Вулф, Роберт Џонсон, БиБи Кинг, Ти Боун Вокер, Бади Гај, Фреди Кинг и Џими Роџерс. Покрај ова филмот изобилува со концертни настапи на Клептон како изведува песни од овој реномиран албум, како и архивски снимки со гореспомнатите музичари.

 

 

05.09.2019

19.00 Романтични војници IV: Краутрок

Германија, 2019 г., реж Адел Шмит
Времетраење: 120 мин.

Краутрок е англиски назив за група авангардни германски бендови од почетокот на ‘70те. Во текот на тој период една група западногермански музичари со желба да создаваат автентична германска музика која нема да биде копија на британската и американската креираат нов начин на создавање музика. Тие зеле се што може да се земе од авангардната германска класична музика и од рокенролот и внеле навистина прогресивен и револуционерен дух со што влијаеле врз еволуцијата на електрoнската музика, техното, хип-хоп музиката, минимализмот. Тие бендови биле CAN, Kraftwerk, NEU!, Faust.

Марк Рибó: Изгубената жица
Франција, 2007 г., реж.Ана Прозаик
Времетраење: 60 мин.

Портрет на авангардниот џез гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк. Иако на публиката и е повеќе познат како гитарист на Том Вејтс и Џон Зорн сепак неговиот опсег на проекти оди подалеку и вклучува и соработки со Лаунџ Лизардс, Ентони Колман, Cosmopolitans.

06.09.2019

19.00
Животот на Ник Дрејк: Чувствителна душа
В. Британија, 2002 г. реж.Џерон Беквенс
Времетраење 50 мин

За време на својот краток и тивок живот кантавторот Ник Дрејк објавил 3 албуми кои сега се сметаат за ремек дела но кога биле објавени во ‘70те тие биле целосно игнорирани и заобиколени. Со секој неуспех Ник потпаѓал во се подлабока депресија се додека во 1974 г не си го одзел животот. Меѓутоа тој ги остава овие ремек дела кои со текот на времето наоѓаат своја публика. Приказната за Дрејк е раскажана од неговата сестра Габриела, а во филмот се појавуваат и луѓе кои соработувале со него како продуцентот Џо Бојд, аранжерот Роберт Кирби и Пол Велер, кој е негов голем фан.

 

20.00 Азорите на Мадредеуш
Португалија, Франција, 1997 г., реж:Роб Ромбот
Времетраење: 40 минути

Мадредеуш се еден од најпознатите португалски бендови кои се здобија со светска слава благодарение на филмот на Вим Вендерс „Лисабонска приказна“. Азорите се острва каде бендот патува и каде на разни локации изведува песни од албумот „O Paraiso”.

 

07.09.2019

17.00 Изгубеното „дугме“ (слободен влез)
Хрватска, 2015 г. Режија: Маријо Вукадин, Ренато Тонковиќ и Роберт Бубало
Времетраење: 88 мин

Филм за Горан Ипе Ивандиќ, тапанар на најпопуларната југословенска група „Бијело дугме“. После неколку успешни години со бендот тој е уапсен за поседување дрога и за пример е осуден на неколку години тежок затвор што остава последици по неговото здравје. Неговата кариера како музичар продолжува со Бијело Дугме после одлежување на казната за да во 1994 г си го одземе животот.

19.00
Класични албуми: Снимањето на албумот The Joshua Tree на U2
В. Британија, 1999 г., реж. Филип Кинг
Времетраење: 60 мин

Во 1987 г., U2 го објавуваат најпознатиот албум во нивната кариера The Joshua Tree. Албумот изобилува со прекрасни и незаборавни песни кои се искачуваат на врвот на хит листите како „With or Without You” „I Still Haven’t Found What I’m Looking For” „Where the Streets Have No Name”. Во разговор со членовите на бендот се зборува за инспирацијата зад песните, се раскажуваат анегдоти од снимањата. Покрај членовите на бендот во филмот се интервјуирани и менаџерот на бендот Пол Мекгинис, продуцентите Брајан Ино, Даниел Лануа и Стиви Лиливајт, како и тонецот Флад. Сите заедно даваат слика на некое друго време и сите случувања и приказни кои довеле до снимање на ремек делото The Joshua Tree.

20.00
Queen: Приказната за Боемската рапсодија
В. Британија, 2004 г., реж. Карл Џонстон
Времетраење 60 мин.

Боемската рапсодија е еден од најголемите хитови на групата Queen. Таа отскокнува од се што било објавено во тоа време а со својата должина и оперска секција мала била веројатноста дека таа ќе биде хит. Но сепак, синглот ќе се искачи на топ листите во Британија цели 9 недели и ќе го трасира патот за богатата кариера на овој бенд. Во филмот членовите на бендот раскажуваат за снимањето на оваа песна, околностите за снимањето на видео спотот, како и професори Оксфорд ги анализираат стиховите на песната и повторниот успех на песната во САД со филмот „Светот на Вејн