Филипче: АстраЗенека кај нас исклучиво за лица постари од 60 години

Сподели

 

Во денешната изјава за медиуми министерот д-р Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледуваше и ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината АстраЗенека. Согласно препораките на Европската агенција за лекови, да секоја држава завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено е дека вакцината АстраЗенека кај нас ќе се аплицира исклучиво на лица постари од 60 години.
 
“Утрово разговаравме и го разгледувавме ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината на Астра Зенека, после евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот излезе со две препораки, првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба за завземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината и согласно тоа после утринските консултации донесовме став да вакцината на АстраЗенека не се дава на лица помлади лица од 60 години во нашата земја.” – кажа Филипче.
 
За сите граѓани кои ја примија вакцината на АстраЗенека во Србија, доколку почувствуваат некакви симптоми најдобро е да се јават на контола и преглед кај лекар, а за ревакцинацијата на овие лица дополнително ќе се одлучува врз основа на насоките од националните светски агенции.
 

“Во однос на претпазливост кај тие што веќе добија една доза на вакцина на АстраЗенека, тоа се луѓето коишто се вакцинираа со оваа вакцина во Србија нема никакви препораки за било каква претпазливост освен да ако имаат некакви симптоми се јават на контрола и преглед кај лекар а во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од некои 3 месеци, засега нема некој став, ќе ги пратиме и насоките и од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе завземеме став и во однос на ова прашање”- изјави министерот Филипче.