Пратеникот и претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Филипче посочи дека се случи тоа на што предупредуваше СДСМ изминатиот период, а владата не презема навреме мерки за да ги заштити граѓаните од ценовните шокови.
„Кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Апелиравме владата да превземе навремено мерки за да не се случи да започне спиралата на зголемување на цените на храната, на транспортот, останатите услуги и токму тоа сега се случува.
Имено, поскапена е храната, основните прехранбени продукти за 5 до 10% лебот, маслото, шеќерот, солта, основните месни, млечни производи, за над 200 до 300% се поскапени овошјето и зеленчукот. Во еден претходен период, во текот на јануари-февруари го одбивте предлогот предлог Законот да порасне минималната плата на 600 евра, што беше барање на работниците на синдикатите. Имено и тогаш граѓаните, работниците се соочуваа практично со егзистенцијални проблеми, а не сега кога цената на горивата се зголеми за близу 40%.
Има пад на индустриското производство во однос на лани 6% а овој месец во однос на претходниот 13,9%. Намалени се странските инвестиции во однос на лани скоро третина. Се затвораат фабрики и работниците остануваат на улица. Близу 1.500 работници изминативе месеци се останати без своите работни места.
Моето прашање е, зошто не ги прифаќате мерките кои што навистина ќе дадат ефект? Еве сега имавме предлог на закони. Дали планирате сега? Не после велигденските празници на луѓето сега им се потребни мерки? Кој знае како ќе биде после велигденските празници, како ќе се одвива кризата. Мерки кои што ќе бидат за таргетирани групи на граѓани коишто ќе значат директна финансиска поддршка„.


