Филипче на средба со новиот реис на ИВЗ, Шаќир Фетаху

Сподели

 

“Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа.

За оваа цел, Министерството за здравство ќе иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот.

Во контекст на ова, утрово остварив и средба со новиот реис на ИВЗ, Шаќир Фетаху. Тој во целост се согласува со ова и посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона кризата во земјата.” – изјави министерот за здравство Филипче.