Вести Македонија Ударни вести

Филипче: Пристигаат 13.000 брзи тестови по сите ковид – пунктови

Сподели:

 

Денеска ќе пристигне донација од 13.000 брзи тестови,кои ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.

“Тринаесет илјади брзи тестови следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање”, изјави вчера министерот Филипче.

Министерот изјави дека добиле голема сума пари со ребалансот на буџетот близу 40 милиони денари и ќе набават близу 100.000 тестови во следниот период за да одговорат на сите потреби. 

Сподели: