Филипче: Се прошируваат капацитетите за ковид пациенти заради напливот на болни

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче одржа состанок со директорите на интерните клиники каде беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите.

– Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не го намалиме ниту редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба, изјави министерот Филипче.

На состанокот присуствуваа професор д-р Дејан Докиќ, директорите на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво, нос и грло и Кожната клиника.

Во моментов на интерните клиники има околу 20 тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе започне и ковид центарот на Клиниката за очни болести на кој ќе можат да се сместат 33 пациенти.