Филипче: Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт имаме задоволни пациенти

Сподели

 

“Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт имаме задоволни пациенти и граѓани на територијата на цела држава. Го подобривме пристапот до потребната терапија и квалитетот на здравствена заштита. Во утринската посета на аптеките во Скопје, фармацевтите укажуваат дека нема повеќе гужви, турканици, паника кај пациентите. Во кој било ден од месецот, пациентите доаѓаат до потребниот лек со рецепт” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.