Филипче: Состојбата е стабилна и нема дополнителни рестрикции

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека епидемиолошката состојба со корона вирусот кај нас е стабилна, а тоа го потврдуваат малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием и малиот број на прегледи.

Во однос на ризикот од новиот индиски сој, во следниот период не планираат никаква рестрикција, ниту дополнителни мерки поради тоа што не гледаат некаков ризик.

„Но, морам да потенцирам будно ја пратиме состојбата не само кај нас, туку и во околните земји поради тоа што, многу често за временска разлика од една до две недели се случуваа промени во сите земји во регионот,“ изјави Филипче по одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството во организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.

„Тоа што досега се знае е дека ризикот да заболат лицата кои се вакцинирани е навистина мал. Но, во исто време и дека вакцината штити од тешка форма на болест од смртност, дури и кај оваа форма на вирусот,“ додаде Филипче.