Филипче: Утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце!

Сподели

 

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! – објави министерот за здравство, Венко Филипче
 
Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
 
 
 
 
Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.
 
Горд сум на моите колеги! – изјави министерот Филипче.
 
 
 
 
Неколку часа претходно, министерот на својот ФБ профил објави:
 
“Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја. 
 
Ова се дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва, им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа.”
 
 
 
 
 
На својот Фејсбук профил, Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија на Клинички Центар „Мајка Тереза“ напиша:
 
Хируршкиот конец, везе Историја! Рано утрово пулсот на Државна Кардиохирургија во својот омилен “sinus rhythm”! Доказ дека секое “срце” е душа, и само ако така лекуваме тогаш оваа наша професија вечно ке пулсира со успех! Втора трансплантација на срце во Македонија! – Кристијан Бундовски.