Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Филипче: Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход

Сподели:

 

Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани, изјави министерот Венко Филипче. Истражувањето на Цивика мобилитас, потврдува дека во последните три и пол месеци:
 
-14.500 помалку заразени
– 4.595 помалку неделни хоспитализации
-вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%
-2,8 милиони евра пониски трошоци за хоспитализација во последните 5 недели од делта бранот.
 
Вакцинацијата против Ковид 19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид 19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. #ВакцинирајСе!
 
Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас.
Сподели: