Вести Изјави Македонија Ударни вести

Филипче: Вчера пристигна лекот „Ивермектин“, да се зема само со препорака од матичен лекар

Сподели:

 

Матичните лекари вчера добија протокол за лекување со Ивермектин. До крајот на неделата, Лекарската комора ќе организира онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат протоколите, а веќе следната недела ќе биде организирана и онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот. Овој лек не е на позитивната листа на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување. Ивермектинот се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт. Апелираме до граѓаните неговата примена да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.

Сподели: