Филипче: Зошто мора да се носат маски

Сподели

 

Во видео-порака министерот за здравство Филипче, објаснува зошто мора да се носи прекривка на лицето за заштита од ковид-19.

“Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во којашто има носител на вирусот. Притоа и да го избегнеме штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето. Ова се аргументите кои по дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажаа дека сепак маски на отворено мора да се носат” – изјави министерот Венко Филипче.

 

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/778516362709762/