Алтернатива Настани

Филмот „Триесет души” ја затвора меѓународната изложба „Родови перцепции“

 

Вечерва во Музејот на современата уметност – Скопје, со почеток од 21.30 часот со проекција на отворено на филмот „Триесет души” на Дијана Туседо ќе се затвори меѓународната изложба „Родови перцепции“ која Музејот ја организира во соработка со Британскиот совет. 

 „Триесет души е филм снимен во период од пет години, со две страни: и документарен и фикција

Триесет души“ имаше своја светска премиера на 68-от Берлински филмски фестивал, а после Берлин освои преку 10 меѓународни награди со прикажувања на преку 30 светски фестивали.

Дијана Туседо има работено како монтажерка на шеснаесет долгометражни филмови на неколку режисери, вклучувајќи ги Исаки Лакуеста и Алберто Гарсија. Како режисерка, има направено повеќе креативни документарни и експериментални кратки филмови кои биле прикажани на филмски фестивали и во неколку центри за современа уметност.

Проекцијата на филмот е програмска соработка помеѓу „Родови перцепции” и редовната филмска и видео програма на МСУ.

Триесет души“ се појави на 68-от Берлински филмски фестивал, и има освоено преку 10 меѓународни награди со прикажувања на преку 30 светски фестивали.

Сподели: